Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шефот на УФЦ, Дана Вајт, организираше борба во лесна категорија на настанот УФЦ 249.
Бранителот на појасот Кабиб Нурмагомедов остана заглавен во Русија, па Вајт најде нов противник за Тони Фергусон за програмата од 18. април.
Нурмагомедов ќе биде заменет со четврторангираниот Џастин Гаети, кој досега има 21 победи и два порази во својата досегашна кариера во УФЦ.
„Борбата е договорена и ќе биде 100% пренесуван од ЕСПН. Тони Фергусон против Џастин Гаети“, рече Вајт.
На Вајт му останува да најде локација за борба некаде во САД без публика. Настанот првично требаше да се случи во Бруклин, меѓутоа, поради пандемијата на коронавирус, Њујорк одби да биде домаќин.