Каде ќе игра ПСЖ во ЛШ? Ал-Келаифи има решение


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбал нема да има во Франција, но и какви било колективни спортски активности до септември.

ПСЖ е еден од клубовите кои се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите и се подготвени да ги играат своите елитни игри во друга земја, потврди првиот човек на Париз, Насер Ал-Келаифи.

Ал-Келаифи прецизираше дека ќе ги почитува одлуките на француската влада предводена од премиерот Едуард Филип, кој вчера забрани за колективни спортски активности за следните четири месеци.

“Ние мислиме на играње во последните фази од Лигата на шампионите. Ако не е можно да играме во Франција, ќе играме во друга држава. Ние ќе гарантираме безбедност и најдобри услови за играчите и персоналот”, рече Ал-Келаифи.

УЕФА сè уште не го утврди моделот на кој планира да ги заврши своите клупски натпреварувања. Тековниот план е да се завршат домашните првенства, а Евро-куповите да се играат во август.