Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот прволигаш, Шкупи денес потпиша со две засилувања, голманот Амир Јашар и фудбалерот за врска, Флоријан Кадриу.
Флоријан Кадриу е креатор на играта и потпиша 1-годишен договор со клубот од Чаир. Во својата кариера има играно за Влазрими, Теута и Тирана.
Амир Јашар дел од кариерата го помина во Шкендија, Кожув, Гостивар, а има одиграно и натпревари млада репрезентација на Македонија до 16 и 17 години.
На проба се наоѓа Бруно Гомис од Гвинеја Бисао за кој во следните денови ќе биде одлучено дали ќе остане во Шкупи.