Како би изгледал дресот на Барселона доколку Адидас би им бил спонзор?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона веќе долги години соработува со Најк кој е задолжен за опремата на каталонскиот клуб.

Најк веќе долго време е заштитен знак на Барса, но навивачите во последно време не се премногу задоволни од дресовите кои ги дизајнира токму Најк.

Тоа посебно се однесува на дресот со коцките за новата сезона кој многумина разочара.

Многумина дури порачаа дека Барса треба да ја раскине соработката со Најк поради таквиот дизајн.

Во јавноста се појави фотографија како би изгледал дресот на Барса доколку би соработувале со Адидас. Навивачите беа далеку позадоволни, а фотографијата беше споделена од многу медиуми во Шпанија.