Како да направите квалитетна анализа на натпреварот?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во обложувањето општо е познато дека постојат две врсти на обложувачи. Едните се оние кои се обложуваат за да зарботат и другите се обложуваат чисто поради забава. Меѓутоа без разлика кој во кој вид спаѓате, сепак ултимативната цел на сите е да ја победат обложувалницата.

Иако на прв поглед тоа изгледа доста едноставно, во праксата, осоебно на долги стази тоа е тешко. Кладилниците се организирани, дисциплинирани и оставаат многу малку можност за да ги победите.

Секој натпревар кој сакате да го изиграте, мора да знаете да го анализирате, а откако ќе ги добиете резултатите, вие одлучуваме дали вреди да се обложувате на него или не.

Во прилог неколку совети за тоа како може да направите квалитетна анализа на еден натпревар.

Форма на екипата

Формата на еден натпревар е најважниот фактор кој го гледаат обложувалниците при одредување на коефициентот. Точното одредување на формата, може да ви донесе многу пари. Внимателно разгледајте ги овие податоци и стекнете предност пред кладилницата.

Статистика

Кога велиме статистика тоа е да проверите како играат тие два тима на домашен, односно на гостински терен и исто така проверете ги меѓусебните дуели на тие два тима наназад неколку години. Често постои традиција која може да биде одличен покзател за висок коефициент. Сепак таквите ситуации треба да ги забележите и да ги искористите.

Вести

Внимателно следете ги вестите поврзани со тие екипи, односно вестите за повредени играчи, црвени картони и слично. Посебно е важно да знаете да ги анализирате вестите. Често веста за повреден клучен играч има ефект за поткревање на коефициентот, односно за намалување на противникот.

Мотивација

Мотиавацијата е исклучително важна за резултатите на некои екипи. Главната причина за послабите да ги победат подобрите е всушност мотивацијата. Често екипите кои играат во европските купови се помалку мотивирани за првенствените натпревари. Внимавајте на овој фактор!

Услови за играње

Пред да го изиграте натпреварот проверете ги условите за играње на некој стадион. Ако врне дожд тогаш потешко се постигнуваат погодоци, па тоа е вистинска прилика за 0-2 гола. Исто така, проверете гостинската екипа колку време патувала за да стигне на натпреварот. Често тоа е фактор за замор на играчите, па знае да биде и битен фактор за исходот на дуелот.

За најдобрите анализи на натпревари посетете го сајтот на Кладење.Мк