Каков е Нејмар, таков е и Мбапе


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


ПСЖ беше поразен во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд со 2:1.

Парижаните беа соборени од 19-годишниот Ерлинг Халанд со два погодоци, а тие не блескаа на овој натпревар, иако Нејмар го постигна изедначувачкиот гол на асистенција од Мбапе.

Сепак, евидентно е дека главните sвездите на тимот од Париз се одвоени од остатокот на тимот и нивното однесување по натпреварот сигурно не треба да се пофали.

Додека остатокот од тимот отиде да се поздрави со навивачите кои пристигнуваа во Дортмунд, Нејмар отиде во соблекувалната, по него и Мбапе.

Нејмар има историја на лоши односи со навивачите на парискиот клуб, Мбапе јасно го следи по стапките, па не е ни чудо што медиумите веќе го оддалечуваат од Париз.

Вака изгледаше тоа синоќа во Дортмунд.