Какви планови има Милан во наредните шест месеци?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кинезите имаат јасни планови, што треба да се очекува во наредните шест месеци.

Според член од договорот, новите сопственици на Милан мораат да вложат околу 350 милиони евра во реконструкција на тимот во наредните три сезони. Јасно е дека во оваа ситуација тешко е да привлечеш големи имиња, клубот е надвор од Европа, на тимот е потребна „генералка“, а после воспоставувањето на новата сопственичка структура, промена цво организацискиот дел, ќе следи потера за засилувања.

Клубот и понатака пробува да го продаде Бака и тие пари да ги вклучи во буџетот за преодниот рок, одолговлекувањето на Берлускони му ги врза рацете и на Галијани.

Поради тоа и понатака Мусачио е на чекање, стигнаа Гомез и Лападула, но тоа е недоволно.

Монтела го сака Бадељ, а прва мета треба да биде Иско. Кинезите се спремни одма да издвојат пари за Шпанецот, ако Реал го продава.

Имено, Зидан се одлучи на Асенсио да му пружи шанса, Иско или Родригез се прекубројни, Колумбиецот тешко ќе се продаде, превисока е цената.

Новите сопственици веќе се огласија, ги повикаа навивачите да не се грижат и потврдија дека сакаат повторно Милан да биде на врвот.

Освен Иско, пробаат да доведат уште неколку играчи до крајот на летото, со цел да направат доволно добар тим да се бори за топ 5.

Големо вложување се очекува или на зима, но е тогаш тешко, или кога Милан ќе се врати во Европа.

Многу имиња се споменуваат, но треба да се сочека промената на спортскиот дел, наместо Галијани стигнува нов директор, се споменува Аусилио или Сабатини, луѓе кои работеа или работат во Интер и Рома.

Заминувањето на Галијани отвора простор за враќање на Паоло Малдини во клубот, или и уште некои некои легенди. Милан нема многу време, навивачите се надеваат сепак на потези во овој месец да биде создаден барем пристоен тим со поголеми амбиции и можности отколку што беше тоа во случајот во минатата сезона.