Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ ↓↓↓
Искуствениот македонски одбојкарски капитен, Никола Ѓорѓиев, во наредната сезона ќе игра за Рапид Букурешт, клуб од првата лига на Романија, каде што ќе ја продолжи својата кариера.
Преселбата во Романија ја потврди преку социјалните мрежи. Истакна дека ова е деветтата различна земја каде што ќе настапува, додавајќи ја оваа кариерна пресвртна точка на неговото богато интернационално искуство.
„Во мојата 21 интернационална сезона ќе играм за екипата на Рапид Букурешт од Романија. Ќе биде ова деветта земја во мојата интернационална кариера и едвај чекам да ги запознаам моите нови соиграчи, тренери, фанови и заедно да се бориме да освоиме трофеи за овој прекрасен клуб. Нека биде Бог со нас“, напиша Ѓорѓиев.
Покрај татковината и сега Романија, Ѓорѓиев досега има играно и во многу други земји: Србија, Италија, Турција, Јапонија, Полска, Германија и Словенија.