Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓
Стручниот коментатор и поранешен фудбалер кој целата своја кариера ја помина играјќи за Ливерпул, Џејми Карагер, ја нарече синоќешната победа на неговите “Црвени” во Париз над ПСЖ (1:0) како една од најголемите кражби некогаш.
„Не можам да верувам што видов, ПСЖ беше неверојатен и целосно го надмудри Ливерпул“, истакна коментаторот.
Легендата на англискиот клуб се осврна и на партијата на голманот Алисон, кој го обележа натпреварот со девет одбрани.
Легендата на Ливерпул инсистираше дека настапот на Алисон ќе се памети со години 👀 Прочитајте повеќе: https://t.co/USaTDwUKom#Elliott #Alisson #Carragher #Liverpool #LFC #PSG #UCL #ChampionsLeague pic.twitter.com/s7BxSNA2Qa
— Mail Sport (@MailSport) March 5, 2025
„Можеби и најдобрата партија во неговата кариера, а секако најдобрата во дресот на Ливерпул. Доколку Ливерпул ја освои Лигата на шампионите, за што има добри шанси, неговата партија ќе се памети со години“, додаде Карагер.
Да се потсетиме, Ливерпул го победи ПСЖ со резултат 1:0 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите и тоа во средба во која домаќинот имаше 71 процент од поседот на топката и 27 удари кон голот на англискиот тим, заедно со 14 корнери.
Ливерпул имаше вкупно два удари на целиот натпревар, а до победата дојде со единствениот удар во рамките на голот, оној на Харви Елиот од 87-та минута.