Се е карма: Навреда која вчера му се освети на Гардиола


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пеп Гардиола заедно со својот тим Манчестер Сити се збогуваа со понатамошното учество во Лигата на Шампионите.

И покрај тоа што Граѓаните беа фаворити во дуелот против Спарси, Сити на крајот не успеа да стигне во полуфинале без разлика на тоа што на домашен терен славеа победа од 4:3.

Лошиот натпревар на стадионот на Тотенхем на крајот скапо ги чинеше Граѓаните, но тоа веројатно беше поради карма од минатото, кога шпанскиот тренер го навредуваше тимот на Спарси со своите изјави.

Така во октомври 2017 година, во изјава за медиум, менаџерот на Сити го нарече Тотенхем, тимот на Хари Кејн, додека зборуваше и за Челзи и Манчестер Јунајтед.

„Челзи минатата сезона освои 13 натпревари по ред. Беа непобедливи и го освоија првенството. Оваа сезона им е потешко бидејќи играат и во Европа, а таму го имаме Јунајтед и тимот на Хари Кејн кој на секој натпревар постигнува два до три погодоци“, изјави тогаш Гвардиола.