Кавани веќе ги поминал лекарските прегледи?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Единсон Кавани го брои последните денови во Париз.

По осум години Кавани донесе одлука да го напушти ПСЖ и кариерата да ја продолжи нешто појужно на европскиот континент.

Француските медиуми се убедени дека искусниот Уругваец се договорил со Атлетико Мадрид односно дека негова официјална потврда за трансфер во редовите на Јорганџиите е само прашање на време.

Футмеркато шпекулира дека Кавани веќе ги одработил лекарските прегледи со мадридскиот клуб и нестрпливо чека Атлетико да пронајде заеднички јазик со ПСЖ.

Овој 32-годишен играч на ПСЖ стигна летото 2013. година за 65 милиони евра. Од тогша одигра 293 натпревари и со 198 постигнати голови е најдобар стрелец во клупската историја.