Ќе ги гледаме Фјури и Џошуа дури трипати?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


До крајот на оваа година, Тајсон Фјури и Ентони Џошуа треба да се борат за апсолутен шампион на светот.

Доколку успешно ги одбранат титулите против Деонтај Вајлдер и Кубрат Пулев во јуни и јули, до крајот на годината ќе ја гледаме пресметката меѓу Фјури и Џошуа за најдобар во тешка категорија во светот.

Сепак, тоа нема да биде сè. Промоторот Еди Харн најави дури три борби, една оваа година и две во 2021 година.

“Имавме разговори за организирање на борбата Фјури – Џошуа. Знаевме дека Вајлдер ќе искористи шанса на реваншот и јас разбирам дека тој сака да го врати појасот, но добро е што тој натпревар е во јули. Џошуа има борба во јуни и зборува за организирање на натпревар Фјури – Џошуа за декември. Нема никакви пречки да се организира сè, ако двајцата победат во борбите. Борбата за апсолутен шампион мора да се случи во 2020 година”, рече Харн.

Желбата е првата борба да се одржи во Велика Британија, иако Саудијците нудат навистина огромни пари за да ја организираат.

“И двајцата борци би сакале натпревар во Велика Британија, но ќе има огромни понуди од целиот свет. Сепак, наш приоритет е Велика Британија, обајцата се домашни борци. Таков голем меч никогаш не се случил и би било посебно да организираме овде”.

Херн очекува дури три борби од Фјури и Џошуа.

“Сигурно ќе има две, а можеби дури три борби. Сигурно е дека во летото 2021 година ќе има борба во Велика Британија, но јас сакам да се случи првата тука”, рече Херн.

Џошуа ќе брани четири шампионски појаси на 20 јуни против Кубрат Пулев во Лондон, додека Фјури повторно ќе има пресметка со Деонтај Вајлдер на 18 јули во Лас Вегас, што го декласираше пред десетина дена.