Ќе ја прифати ли Канте изненадувачката понуда?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот фудбалер од средината на теренот, Н’Голо Канте е спремен ова лето да го напушти Лестер.

За неговите услуги интерес покажаа бројни клубови, а тоа повеќето се европски гиганти како, Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Јунајтед…

Сепак една понуда од далечниот исток наскоро би можела пристигне на адреса на Лестер, поточно од Кина. Имено, екипата на Шангај ШИПГ е спремна да понуди 35 милиони фунти за во своите редови да го доведе овој фудбалер.

Дали Канте ќе се согласи на трансфер во Кина, тешко е да се каже во овој момент.