Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Софија Кенин и Габриеле Мугуруза ќе играат во женското финале на Австралија опен.
Американката Кенин ја совлада Ешли Барти, првиот рекет, пред своите фанови со 2:0, по сетови 7:6 и 7:5.
21-годишната американска тенисерка одигра навистина одличен натпревар. Таа беше најдобра кога најмногу требаше, па спаси две сет топки во првиот сет и потоа, со четири поени во низа, го освои првиот сет со 7:6.
Барти имаше предност во вториот сет до финишот. Таа успеа да прокоцка две сет топки, Кенин зема брејк, а веднаш потоа и втор, и го заврши овој сет со 7:5 и се пласираше во своето прво финале на Гренд Слем турнирите.
Во финалето ја чека Гарбине Мугуруза која ја победи Симон Халеп со 2-0 (7:6 и 7:5).
По навистина голема борба и многу пресврт, Мугуруза успеа да ги добие клучните гејмови и да се пласира во финалето.