Кикс на Рома, Торино ја прегази Болоња, Фиорентина и Сасуоло минимално


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со вечерашните натпревари комплетирано е 2 коло од Серија А.

Фудбалерите на Рома ремизираа на гостувањето кај Каљари со 2:2 во дуелот од 2 коло од италијанската Серија А.

Рома преку голот на Пероти во 6 минута од пенал стигна  до водство, а Стротман во 46 минута ја дуплираа преноста, Каљари намали преку ветеранот Марко Бориело во 56 минута, а Сау во 88 минута донесе голем бод на Сицилијанците.

Најубедлива победа оствари Торино, кој тим со резултат 5:1 ја декласира Болоња. Во победата на Бековите посебно се истакна Белоти кој постигна хет-трик, додека по еден гол додадоа Мартинез и Басели.

Единствениот гол за гостите го постигна Тајдер.

Сасуоло на својот терен мининално ја совлада Пескара (2:1), а головите ги постигнаа Дефрел и Берарди на едната, а Манај на другата страна.

Успешна беше и Фиорентина, која истотака како домаќин беше подобра од Киево со 1:0.

Еденствениот гол на натпреварот е виден во 28 минута а го постигна Санчез.

Сигурни беа Самдорија и Удинезе, кои славеа против Аталанта (2:1), односно Емполи (2:0).

Џенова како гостин славеше победа против Кротоне со пресврт.

Домаќините со голот на Паладино стигнаа до пресврт, а резервистот Гакпе во 51 минута донесе израмнување, а Паволети со два гола во 55 и 64 минута донесе победа на гостите.

Горан Пандев остана на клупата.