Кингсли Коман има нов клбу!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Досегашниот играч на Баерн Минхен, Кингсли Коман, е новото засилување на Ал Наср, објави клубот од Саудиска Арабија.

Кингсли Коман (29) потпиша тригодишен договор со Ал Наср, при што финансиските детали за трансферот остануваат непознати.

Францускиот крилен напаѓач пристигна во Баерн во август 2015 година и во тој период одигра вкупно 339 натпревари, постигнувајќи 72 гола за германскиот тим.

Со Баерн освои вкупно 20 трофеи, меѓу кои и еден во Лигата на шампионите, а претходно во кариерата играше и за Јувентус и Пари Сен Жермен.

Со француската репрезентација, за која настапи вкупно на 58 натпревари, освои сребрени медали на Европското првенство 2016 година и Светското првенство во Катар.