Кличко се сеќава на нокаутот за крај на кариерата: Јас му дозволив да ме победи … (ФОТО)


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Поранешниот владетел во тешка категорија Владимир Кличко вчера се потсети на поразот со кој стави крај на неговата богата кариера.

Вчера беа точно три години од неговата проштална борба што ја играше против Ентони Џошуа и која ја загуби со нокаут во 11. рунда.

Кличко беше близу до голема победа. Тој најпрво го испрати Британецот на подот, но во 11-та рунда доби аперкат  што го испрати во пензија, а Џошуа остана на тронот.

Три години подоцна, Кличко се сети на натпреварот и се пошегува дека го оставил Џошуа да победи.

“Пред три години, јас дозволив Ентони Џошуа да победи. Жал ми е за тоа мало дете. Се шегувам. Голем шампион, класичен боксер. И двајцата сме многу позрели од тој натпревар. Благодарам што нè поддржувавте”, напиша Кличко.

Кличко  беше без пораз од 2004. до 2015. година, но ја заврши кариерата со два пораза.

Кличко се пензионираше со однос 64-5.