Клоп ја исправа грешката на Роџерс, Мане пристигнува, но за двојно поголема сума


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сенегалецот оди на лекарски прегледи, Саутемптон добива богатство.

Клоп и Ливерпул ја завршија работата, офанзивниот фудбалер Садиу Мане, ќе стане нов член на “Црвените”.

Репрезентативецот на Сенегал во понеделникот допатува во Мелвуд каде што ќе му бидат извршени лекарски прегледи, откако ќе ги заврши го очекува состанок со извршниот директор на клубот Јан Ер.

Многу поважно е што клубовите се договорија и дека “Црвените” се согласија да платат 30 милиони фунти на Саутемптон. Мане со оваа сума станува третиот најплатен фудбалер на Ливерпул на сите времиња. После Енди Керол (35 милиони) и Кристијан Бентеке (32.5 милиони)

Мане на “Енфилд” пристигнува како желба на Јирген Клоп. Сепак Сенегалецот не беше прва опција, туку резервен план откако Германецот не успеа да го доведе Марио Геце. Во претходните две сезони за Саутемптон, Мане одигра 75 натпревари и постигна 25 погодоци, 13 пати асистираше.

Интересно е што Мане е петиот играч кој Ливерпул го доведува од Саутемптон во последните три преодни рока. Претходно пристигнаа Адам Лалана, Дејан Ловрен, Рики Ламберт и Натаниел Клајн.