Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Фудбалерот на Реал Мадрид вчера постигна дебитански погодок за кралскиот клуб.
Вчера во дресот на Реал Мадрид на фановите на фудбалот се престави 22-годишниот Шпанец со корени од Доминиканска република, Маријано Дијаз.
Тој пред околу 105 илјади луѓе на стадионот во Мичиген го обележа натпреварот со голчиште против Челси во 37-та минута од натпреварот.
Дијаз од 30 метри испрати бомба до Беговиќ кој не можеше да го спречи шутот на Шпанецот.
На Дијаз ова му е прв погодок за Реал Мадрид, а минатите две сезони играше во Реал Мадрид Кастиља.
Тој ова лето заедно со Марко Асенсио, Енцо Зидан и Маркос Љоренте му се приклучија на првиот тим на кралскиот клуб.
Во дресот на Кастиља беше гол-машина. Минатата сезона постигна 25 погодоци, а со тој учинок беше и најдобар стрелец.