Кој ќе го замени Гризман во Мадрид?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Се појави интересна опција за Атлетико.

Антоан Гризман синоќа соопшти дека на крајот од оваа сезона ќе го напушти Атлетико Мадрид.

Репрезентативецот на Франција, после пет години одлучи да го напушти клубот, а неговата нова дестинација најверојатно ќе биде Барселона.

Атлетико од неговиот трансфер ќе заработи 120 милиони евра, а таа сума на пари Јорганџиите ќе ја искористат за да најдат соодветна замена.

Според наводите на уругвајските медиуми, најблиску до доаѓање на Ванда Метрополитано е искусниот напаѓач на ПСЖ, Едисон Кавани.

Францускиот првак силно посакува да го реши прашањето за трансфер на овој фудбалер. Кавани наводно веќе е во преговори со Атлетико и на крајот најверојатно тој ќе го замени Гризман во Мадрид.

Кавани веќе шест години е во клубот на ПСЖ. Дојде до заситување од двете страни, тој е спремен да оди, а и клубот е спремен да го пушти да оди, но покрај Атлетико, Уругваецот се поврзува и со Интер.