Кој услов треба да го исполни новиот тренер на Барселона?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Времето на Ернесто Валверде на клупата на Барселона полека истекува.

Овој 55-годишен стратег веќе трета сезона го води каталонскиот гигант, а моменталната ситуација веќе ги одбројува последните месеци на клупата на тимот од Ноу Камп.

По информациите на каталонските медиуми, раководството на актуелниот шампион на Шпанија работи на случајот за наоѓање негова замена, која се планира за ова лето.

Челниците на клубот од гравниот град на Каталонија одлучија да ангажираат стратегот кој игра исклучително напаѓачки фудбал, но проблем е што сега нема многу такви тренери.

Сепак, ќе пробаат да најдат име кое ќе одговара на нивните побарувања, но и на навивачите, кои се се помалку задоволни од она што го покажува екипата под воство на Валверде.

Дури и да ја напушти клупата на каталонскиот гигант 55-годишниот стратег ќе остане запаметен како човек што освои две титули со Барселона.