Колкави се шансите Нејмар да премине во Реал?!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Таткото на Нејмар кој е и негов агент тврди дека не постојат ниту најмали шанси ѕвездата на Барселона да премине во Реал Мадрид.

Нејмар во последните недели е главна тема на каталонските медиуми, Бразилецот ги одолговлекува преговорите, а тоа ги подгреа сомнежите дека би можел да го напушти клубот.

Неговата откупна клазула изнесува 190 милиони евра, а наводно истата се спремни да ја исплатат Реал Мадрид, ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Сепак, неговиот татко тврди дека нема шанси Нејмар да ја напушти Барселона, а посебно не за трансфер во Реал.

“Мојот син никогаш нема да го носи дресот на Реал Мадрид. Шансите за такво нешто се нула проценти. Во последно време многу се шпекулираше за него и интересот од големите клубови, но ние во ниту еден момент не дадовме знак дека тој би можел да замине”.

“Нејмар има договор со Барселона на уште две години и ќе го одработи до крајот. Тој е среќен во клубот“- изјави агентот на Нејмар.