Конечно е завршено: Погба вечерва стана најскап играч било кога


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Пол Погба е нов играч на Манчестер Јунајтед, јавува влијателниот Л’Екип.

Црвените ѓаволи на Јувентус ќе платат 120 милиони евра.

Доколку навистина овој трансфер и се оствари, тоа ќе биде најскап во историјата на фудбалот и така ќе го замени на првата позиција Герет Бејл.

Да потсетиме, Погба порано беше член на Манчестер Јунајтед, но сепек е пуштен целосно бесплатен во Торино.

Многумина сметаат дека е најголема тренерска грешка на Алекс Фергусон.

Јунајтед, ако се верува на наводите ценетиот француски весник, така ќе го победат Реал Мадрид во трката за францускиот репрезентативец.