Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилецот Даглас Переира ги изненади сите со доаѓањето во Барселона летото 2014 година.
Даглас требаше да биде засилување на позиција десен бек, но уште на самиот почетокот се покажа како големо промашување. Овој Бразилец склучи петгодишен договор, што од самиот почеток беше голем проблем за Барселона.
Каталонскиот клуб 28-годишниот фудбалер од сезона во сезона го праќаше на позајмица, но никогаш не беше во можност да го продаде. Но, Даглас од вчера е слободен играч бидејќи конечно му заврши договорот со Барселона.
За Барселона тој одигра само осум натпревари за пет години, но сигурно ќе биде запаметен поради тоа што освои дури шест трофеи со овој клуб.
Покрај Барса, на позајмица беше во Бенфика, Спортинг Хихон и Сивасо, но во овие клубови речиси и не играше. По истекот на договорот, најверојатно тој ќе се врати во Бразил.