Конечно се огласи и Карлос Бака


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Милан, Карлос Бака, во претходните недели се наоѓа во центарот на вниманието бидејќи се наоѓа на излезните врати на италијанската екипа.
Пред неколку дена англиските медиуми пренесоа дека Бака договори трансфер во Вест Хем, но во последен момент се одлучи да се откаже.

После неколку дена чекање се огласи и Бака кој ја објасни ситуацијата:

„Јас сум играч со амбиција кој сака да освојува титули. Сакам да играм во Лигата на шампионите и да ја освојам. Милан не е во Европа, а клубовите кои ме сакаат се. Имам договор со Милан и ќе пробам да го најдам најдоброто решение за мене, фамилијата и клубот“, рече Бака.

Колумбискиот репрезентативец додаде дека Милан е негов приоритет, но дека сака како играч да напредува и поради тоа најверојатно ќе мора да ги напушти Росонерите.

„Имам некои понуди од Европа, но не сакам да откривам. Вистина е дека иамм и две понуди од Кина, но во овој момент не сакам да одам таму“, додаде напаѓачот на Милан.

Бака, покрај Вест Хем, се наоѓа на мета на Атлетико Мадрид и Арсенал.