Конте доби 150 милиони, ова е план за напад на титулата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси беше релативно тивок во преодниот рок, но се спрема вистинска бура во финишот. Целта е шампионската титула!

Сините веруваат дека можат да ја нападнат титулата, а Антонио Конте веќе беше во оваа ситуадија, додуша во различна средина. Имено, тој веќе во првата сезона со Јувентус успеа да стане шампион, а на рака му одеше и тоа што клубот не играше во Европа.

Сега посакува ист расплет. Досега Челси ги доведе Канте и Бачуаји, но англиските медиуми тврдат дека тоа е почеток.

Имено, на располагање тренерот на Челси има околу 150 милиони евра и планира да ги потроши на два играчи, стопер и напаѓач.

Поради тоа што Бонучи е невозможна мисија, Челси испрати нова понуда за Кулибали од Наполи кој го сака и Јунајтед. Се смета дека сума од околу 55 милиони ќе ги убедат Наполитанците.

Друга мета е Лукаку, пред него Икарди, без оглед дека е тука Диего Коста, Конте сака нов напаѓач.

Лукаку и понатака чека, се верува дека понуда од 70 милиони сепак на крајот ќе ја одобри Евертон.

Третото име е Бразилецот Маја, играчот за врска на Сантос кој чини околу 20 милиони и тој игра на средината на теренот, каде што прва желба беше Раџа Наинголан, но Рома одби понуда од 40 милиони.

Челси стартува во шампионатот во понеделник вечер, ривал е Вест Хем на отворањето на сезоната.