„Конте како создаден за Челси, Мурињо е новиот Алекс Фергусон“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тренерот на шампионот на Англија, Клаудио Раниери многу пофално зборуваше за новиот тренер на Челси Антонио Конте, а оцени дека Жозе  Мурињо ќе го врати Манчестер Јунајтед на стазите на стара слава.

Челси на Конте лошо почна, поради тоа што за викендов лесно загуби од Рапид од Виена со 2:0, што предизвика негодување од страна на навивачите на друштвените мрежи, кои Конте брзо го прогласија за “измама“ и „Ван Гал,  верзија 2.0“.

Тренерот на Лестер, меѓутоа, го пофали својот сонародник и рече дека Конте ќе заблеска во Англија.

„Антонио и Челси се создадени еден за друг. Мораат добро да се запознаат и да не дозволат себеси да пречат неизбежните културни разлики, но во Челси ќе видиме италијански модел“, рече Раниери за Газета дело Спорт.

Раниери го пофали и новиот тренер на Јунајтед.

„Може можеби да стане и нов сер Алекс Фергусон. Нема да остане во Манчестер 26 години, но ќе остави белег“, рече италијанскиот тренер.

Раниери истакна уште двајца тренери за кои мисли дека треба да се обрати внимание – Маурисио Покетино и Јирген Клоп од Ливерпул.

„Покетино беше ривал за пример во текот на завршниот спринт до титулата во минатата сезона. Тој работи многу добро. Клоп ќе има предност што го разби мразот во околината и научи повеќе во Премиер лигата. Освен тоа, мене ми делува дека е совршен за околината како што е Ливерпул“, рече Раниери.