Конте реши. Четворица си одат во понеделник


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот стручњак после пет пријателски наптревари одлучи со кои играчи ќе работи а кои ќе „летат„ уште во почетокот на новата недела.

Три победи и два порази во вкупно пет пријателски натпревари во кои Конте одлучи што ќе прави.

Англиските медиуми веќе објавија имиња на четири фудбалери на кои веројатно Конте нема да рачуна и веќе во текот на следната недела ќе си заминат од Челси.

Прв на листата е Оскар, за кој Интер покажува интерес. Реми истотака е на излезни врати, како и Бегович и Квадрадо за кого Милан почнува да гризе.

Одлуката за прекинувањето на работата со овие неколку момци веќе напоменавме дека Конте ја донесе после пријателските натпревари. Исто така ќе испрати и неколку млади играчи на позајмица каде што мисли дека повеќе би добивале шанса.

Желбата на Конте сеуште е Лукаку, иако од Евертон бараат многу пари, скоро 80 милиони фунти.