Корона вирусот предизвика хаос во Сегунда, Депортиво испадна и побара поништување на лигата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тажната судбина на Депортиво Ла Коруња.

Екипата што некогаш играше во финалето на Лигата на шампионите, сега ќе мора да игра во шпанските села во трета лига.

Тие требаше да се борат за гол опстанок денес, но не успеаја да го играат мечот против Фуенлабрада (која се бореше за плеј-офот), ниту успеаја да се изборат за опстанок, бидејќи другите резултати не им одеа во прилог.

Коронавирусот предизвика голем проблем за Фуенлабрада, во која има 12 заразени лица, а со одлука на Ла Лига, мечот беше одложен, што ги налути скоро сите, особено Депортиво.

Причината е јасна, сега Депортиво нема за што да игра, додека Фуенлабрада има, па клубовите кои се бореа за плеј-офот се загрозени.

Ова предизвика иницијатива на некои да се поништи лигата, но секако дека нема да го гледаме тој филм, но Депортиво ќе го гледаме во третиот ранг на натпреварување …

Покрај нив, испадна и Нумансија, како и Екстрамадура и Сантандер.

Хуеска и Кадиз влегуваат директно во Примера , а Сарагоса, Алмерија, Џирона и Елче влегуваат во плеј-офот.