Корона вирусот „влезе“ во шпанскиот ракомет: Што ќе се случи со АСОБАЛ-лигата?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шпанското првенство во ракомет треба да започне за десетина дена, но откако вирусот корона „влезе“ во ракометот, многумина се прашуваат што всушност ќе се случи.

Состојбата со пандемијата на вирусот корона во Шпанија се влошува од ден на ден, а откриен е и првиот „позитивен“ ракометар.

Тој е играч на Синфин, што го потврди овој клуб, а играчот чие име не беше откриено, во моментов е во добра здравствена состојба.

Сепак, дури 46 лица (играчи, членови на стручниот персонал и медицинската служба) биле во контакт со заразениот играч, така што сите се во десетдневна изолација, а треба да бидат тестирани утре.

Но, за да се влошат работите, Синфин играше пријателски натпревар со Логроно пред неколку дена, па според протоколот, играчите на овој клуб се исто така во изолација.

Овие два тима требаше да играат на отворањето на сезоната, но сега е сигурно дека ништо од ова нема да се случи, а од Логроно испратија остра порака до челниците на АСОБАЛ.

“Поминаа повеќе од 24 часа од нашето превентивно изолирање и жалиме да објавиме дека челниците на АСОБАЛ не се трудат да дознаат како се нашите играчи и технички персонал. Тие не ни го испратија протоколот за кој рече дека е активиран вчера, но не ни кажаа ниту што е планирано во нашиот случај за почеток на лигата “.