Кресвел верен на “Чеканите”


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одличниот лев бек го продолжи договорот со Вест Хем.

Арон Кресвел потпиша нов договор со тимот на Вест Хем според кој би требало да остане во клубот до 2021 година. Тоа практично беше дополнување на договорот кој истекува во 2020 година.

“Ова е прекрасна работа за нас. Зад себе имам две одлични сезони во Вест Хем, се надевам дека наредните пет ќе бидат уште поубави”- изјави Кресвел.

Многумина на поранешниот селектор на Англија, Рој Хоџсон му замеруваат што за ова момче немаше место во тимот на “Гордиот Албион” за Европското првенство во Франција каде што Англичаните својот настап го завршија во 1/8 финалето.