Кристијано Роналдо ги смени плановите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо е во Мадеира повеќе од еден месец поради пандемијата на коронавирус.

Роналдо денеска треба да се врати во Торино, меѓутоа „Рекорд“ доцна синоќа објави дека имало промена во плановите.

Така, искусниот фудбалер заедно со семејството ќе престојува во родниот град уште неколку дена пред да се врати во Италија, каде го чека 14-дневен престој во изолација.

Јувентус започна да ги повикува своите играчите, бидејќи ќе им биде дозволено да тренираат индивидуално од 4. мај, додека колективниот тренинг ќе започне на 18, мај.

Единственото прашање е што ќе се случи со Гонзало Игуаин, кој е во Аргентина и се грижи за својата болна мајка.