Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Поранешниот чувар на мрежата повторно може да биде дел од лондонската екипа.
Покрај засилувањата во играчкиот кадар, Челси спрема и квалитетен стручен штаб за својот нов тренер Конте.
Нов член на тој штаб судејќи по се може да биде и поранешниот голман на Сините Карло Кудичини.
Тој може да биде во улога на преведувач, дека е и тој Италијанец, може да помогне на Конте што побрзо да се прилагоди на Премиер лигата.
Кудичини помина девет години на Стенфорд Бриџ, а во периодот од 2000 до 2009 година на голот на лондонската екипа стоеше преку 200 наврати во сите натпреварувања.