Кулибали нема да ги следи стапките на Игуаин!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кулибали нема да ги следи стапките на Игуаин!

Наполи во овој преоден рок после Гонзало Игуаин би можел да остане и без Калиду Кулибали, објавија италијанските медиуми.

Сенегалскиот репрезентативец е на излезни врати од Наполи, а помеѓу клубовите кои се заинтересирани се споменуваа Евертон, Челси и Јувентус, меѓутоа опцијата кариерата да ја продолжи во Торино беше деменатирана.

“Сакам да им кажам на навивачите на Наполи да се опуштат. Кулибали сигурно нема да премине во Јувентус”- изјави агентот на фудбалерот, Бруно Сатин и продолжи:

“Разговарав со управата на Наполи за продолжување на договорот, но не сме ниту блиску до постигнување договор. Кулибали сака да го напушти клубот. Минатата година сакаа да го продадат, зборуваа дека не доболно фокусиран, сега се е променето после одличната сезона”- додаде Бруно Сатин.