Куртоа после само една сезона го напушта Реал Мадрид?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид и Тибо Куртоа можно е да стават крај на соработката само после една сезона.

Белгијскиот голман минатото лето стигна во Реал како големо засилување од Челзи. Сепак, од неговите натпревари никој не е воодушевен, а со враќањето на Зинедин Зидан на клупата кај Кралевите ја изгуби позицијата како голман во првата постава на тимот.

Многу лесно може да се случи Куртоа да го напушти Реал Мадрид. Според информациите кои доаѓаат од Шпанија, Кралевите се многу заинтересирани да го доведат Давид Де Геа и ќе пробаат тој трансфер да се оствари ова лето.

Да се променат одредени работи на позицијата „еден“ во тимот на Реал Мадрид напомена и самиот Зидан.

„Ве уверувам дека од наредната сезона нема да има приказни за првиот голман“, изјави Зидан и на тоа се надоврза:

„Моментално имам три голмани, но од наредната сезона се ќе биде јасно“, изјави тренерот на Кралевите.

Куртоа оваа сезона во дресот на Реал Мадрид одигра 32 натпревари, и прими 42 гола.
Де Геа од друга страна е под договор со Манчестер Јунајтед до 2020 година. Го одби продолжувањето на договорот поради сумата на пари која му била понудена, а тоа се 350.00 фунти за секоја седмица. Се шпекулира дека Шпанецот бара пола милион фунти.

Реал е спремен да му го понуди тоа и Де Геа би можело од наредната сезона да стане член на Кралевите.