Кутињо: Не играв добро…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кутињо е под притисок од доаѓањето во Барса поради висината на обесштетувањето кое каталонскиот клуб го плати на Ливерпул, а крилниот напаѓач не ги исполни очекувањата до сега.

СЕга се повеќе се шпекулира за негово заминување, а не е исклучена и опцијата да остане барем до наредното лето.

„Немав добра сезона и за тоа сум свесен. Моите партии беа полоши од што очекував“, порача Кутињо, додавајќи:

„Единствен начин за подобрување и стекнување на поверение е напорна работа, а јас работев напорно“.

Дефанзивецот на ПСЖ и соиграч од репрезентацијата на Бразил, Тијаго СИлва исто така говореше за Кутињо:

„Во двата пријателски натпревари кои ги одигравме, тој беше најдобар на теренот“, истакна Силва.

„Не само поради неговите офанзивни способности туку и поради неговата работа во одбраната. Сега е повторно среќен и игра со насмевка на лицето“, заврши Силва.