Кутињо се врати дома!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Заборавениот Бразилец се врати во Барселона.

Претходната сезона ја помина на позајмица во Баерн Минхен, каде ја освои тројната круна. Посебно може да се издвои неговиот настап во четвртфиналето, каде со два гола и асистенција беше еден од главните учесници во понижувањето на Барселона со резултат 8:2.

Сега е време за да сврти нов лист.

Клубот од Минхен веќе ја извести јавноста дека нема да го откупи договорот на 28-годишниот креативец.

Поранешниот играч на Ливерпул наводно треба да добие нова можност во тимот кој сега го води Роналд Куман. Ќе видиме со кого ќе игра, бидејќи главните сили на тимот, Меси и Суарез, се практично со една нога надвор од клубот.