Лампард ги „пецна“ фановите на Ливерпул: За мене, Сити е најдобриот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Франк Лампард, по синоќешната победа против Манчестер Сити, која и донесе титула на Ливерпул, не даде баш таков вид изјава за која се надеваа навивачите на „црвените“.

Сепак, Френки некогаш водеше големи битки против Ливерпул во Премиер лигата и Лигата на шампионите, па се очекуваше дека тој може да ги „запали“ синоќа.

Легендата на „Сините“ вели дека Манчестер Сити е најдобриот клуб во Англија.

“Беше многу тешко. Но, така е кога играте против тим со поединци како овој, заради начинот на кој тие тренираат и начинот на кој тие играат, мислам дека се најдобри”, изјави Лампард по синоќешниот натпревар.

Тој подоцна ги пофали Јирген Клоп и Пеп Гвардиола.

„Пеп и Клоп се класа, затоа Ливерпул вечерва ја слави титулата“, рече тој.

Тој го изјави следново за натпреварот:

„Моравме да работиме многу напорно за да го постигнеме посакуваниот резултат. Во одбраната, моравме да работиме уште понапорно, затоа создадовме повеќе шанси во текот на вечерта“.

Сините ќе имаат многу тешка борба за Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната, а оваа победа сигурно ќе им биде од корист.