Лампард може да воздивне: Мејсон ќе го пропушти натпреварот против Ливерпул, но не е тешко повреден


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челзи вчера беше минимално поразен на домашен терен во трката за титулата на Лигата на Шампионите против Валенсија, но она што најмногу го загрижи Лампард беше повредата на Маунт.

Сепак, изгледа дека тренерот на Плавите може да воздивне бидејќи не се работи за сериозна повреда.

Стартот на фудбалерот на Валенсија над Маунт беше доста брутален, а фудбалерот на Челси мораше порано да го напушти теренот.

Направени се сите потребни тестови во тренинг центарот на клубот, и изјавено е дека овој фудбалер набргу ќе се врати на тренинзите.

Тоа што е сигурно е дека тој ќе го пропушти натпреварот против Ливерпул кој се игра за неколку денови.

Ова ќе биде голем проблем за Лампард бидејќи Маунт од почетокот на сезоната игра одлично, а до сега има постигнато три погодоци во пет одиграни натпревари.