Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Последниот меч од 1 коло од шпанската Примера одиграа не Местаља Валенсија и Лас Палмас. На крајот се радуваа гостите, кои изненадувачки славеа со резултат 4:2.
Валенсија поведе во 6 минута кога Мина погоди за 1:0 и се чинеше дека тогаш Лилјаците ќе го оправдаат епитетот на фаворит и ќе запишат три бода на премиерата.
Сепак, Лас Палмас до 31 минута стигна до водство од 3:1, а погодија Ливаја, Виера и новајлијата Боатенг, ова за него беше првенец во дресот на новиот клуб.
Мина со својот втор гол во 34 минута го намали резултатот на 3:2, а тогаш следеше период на доминација на домашниот тим.
Кога се очекуваше погодок на Валенсија, следеше контра на гостите кои преку Хрватот Ливаја стигнуваат до 4:2 и голема победа на Местаља.