Лацио доби примамлива понуда за Кандрева


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одличниот италијански репрезентативец, Антонио Кандрева, се наоѓа на излезни врати од тимот на Лацио.

За Кандрева од поодамна интерес покажа Интер, кој беше блиску до негово доведување, но во трката сега се вклучи и Наполи. Како што јавуваат медиумите во Италија, наполитанците во овој момент се во подобра позиција од своите ривали, а веќе испратиле и официјална понуда.

“Да можам да ја потврдам понудата. Се што читавте за тоа е точно. Наполи е заинтересириан за Кандрева и веќе испрати понуда”– изјави претседателот на Лацио, Клаудио Лотито.

Наводно, Наполи за услугите на Кандрева испратил понуда од 20 милиони евра со дополнителни бонуси во износ од четири милиони евра.