ВИДЕО: Лејкерси едноставно застанаа против Клиперс во второто полувреме, шокантни порази за Рокетс и Нагетс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Божиќната програма во НБА лигата донесе неколку фантастични натпревари.

Дербито во Калифорнија му припадна на Клиперс, а вистински шок доживеаја Хјустон Рокетс и Денвер Нагетс кои ги изгубија натпреварите од послабите Вориос и Пеликанс.

Воините на домашен паркет приредија вистинско изненадување против Хјустон Рокетс 116:104.

Никој не очекуваше дека ослабените Голден Стејт ќе го добијат овој меч, но тие на крај стигнаа до неочекуваниот триумф носени од фантастичната атмосфера.

На гостите од Тексас не им помогнаа учиноците од 30 поени и 12 скокови на Расел Вестбрук, односно 24 поени на Харден. Домашните синоќа го одиграа најдобриот меч во сезонава.

Дамион Ли со 22 поени и 15 скокови ги предводеше домашните, ДеАнџело Расел и Драјмонд Грин додадоа по 20 поени.

Лос Анџелес Клиперс во градското дерби го совладаа ривалот Лејкерс со 111:106.

Лејкерс во големиот дел од мечот имаа предност. Меѓутоа, се распаднаа во самиот финиш и на крај Клиперси дојдоа до триумф.

Кавај Ленард ги предводеше со 35 поени и 12 скокови, додека кај Лејкерс најефикасен беше Кајл Кузма со 25 поени.

Денвер Нагетс беа шокирани во Пепси Центар арената од Њу Орлеанс Пеликанс со 112:100.

Гостите стигнаа до триумф предводени од фантастичниот Брендон Инграм со 31 поен, додека кај Нагетс Никола Јокиќ постигна 23 поени со 10 скокови.