Лејкерси синоќа подобри од Далас, Лука Дончиќ немаше своја вечер


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Кошаркарите на Лејкерс синоќа на домашен паркет го победија Далас Маверикс со 109:95.

Лејкерси се вратија на победнички патеки по неколку порази, а синоќа во Стејплс Центар беа подобри од Далас со 109:95. Домашните водеа од самиот почеток на мечот и предноста не ја испуштија до крај.

По првата четвртина Лејкерси водеа со 25:19, додека на полувреме резултатот беше 54:43.

Лејкерси сега имаат скор од 26-7, додека Далас има 21-11. Лејкерси до нова победа ги однесе Ентони Дејвис со 23 поени, девет скокови и четири асистенции, додека Леброн Џејмс одигра скромна партија од 13 поени, 13 асистенции и шест скокови.

Во екипата на Далас повеќе се очекуваше од Лука Дончиќ, но Словенецот немаше своја ноќ. Дончиќ мечот го заврши со 19 поени, седум асистенции и четири скока, но интересно е тоа што не погоди ниту една тројка од шест обиди.

Нова победа синоќа запишаа и Денвер Нагетс кои го победија Сакраменто со 120:115, додека Пеликанси го приредија изненадувањето на вечерта со победата од 127:112 против Хјустон Рокетс.