Лекарските прегледи го делат Шпанецот од Манчестер Сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нолито играше добро во дресот на Шпанија.

Добрите игри во Селта Виго минатата сезона дефинитивно не поминаа незапазено. Во прилог на тоа оди и информацијата дека овој фудбалер ги спакувал куферите и е на пат кон Манчестер.

Нолито следната сезона ќе го носи дресот на Манчестер Сити кој го договорил неговиот трансфер од Селта за 13.8 милиони фунти. Фудбалерот долго се поврзуваше со Барселона, но Пеп Гвардиола му ја расипа работата на поранешниот клуб.

Нолито минатата сезона постигна 12 погодоци во Примера, а се очекува 29-годишникот во следните 24 часа да ги помине лекарските прегледи на Итихад и да му се придружи на Илкај Гундоган, првото засилување на Сити ова лето.