Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Капитенот на Барселона, Лионел Меси, потврди вчера дека фудбалерите на клубот се откажале од 70% од платите со цел да ги задржат останатите вработени во клубот.
Пандемијата на коронавирус создаде огромни финансиски проблеми за многу клубови, при што играчи ширум Европа се обидоа да помогнат.
Играчите на Барселона се откажаа од голем дел од својата плата за да ги задржат вработените во клубот на работа и да добијат целосна плата.
Сепак, соопштението на Меси остана во центарот на вниманието бидејќи тој повторно се спротивстави на челниците на клубот. Тој им посочи непотребно да не вршат притисок врз играчите за намалување на платите затоа што тие веднаш решиле дека ќе се согласат.
Ова не е прв пат оваа сезона Меси да се спротивстави на политиките на неговиот клуб затоа што во неколку наврати успеа да го критикува тоа што го прават. После сето ова, истакнатиот Л’Екип реши да го стави Меси на насловната страница, што привлече големо внимание.
Имено, капитенот Барса е прикажан како кубанскиот револуционер Че Гевара затоа што има храброст да застане пред челниците на клубот за кој досега играше целата своја кариера.