Лига на шампиони: Малме – Клуж, анализа и предлог типови!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со почеток од 19:15 на програмата го имаме реванш натпреварот од второто квалификациско коло помеѓу Малме и Клуж кој ќе се изигра на стадионот „Шведбанк“ во Малме.

Минатата недела видовме доста досаден меч каде што домаќин беше романскиот претставник, со вкупно 12 шутови на двете страни и само четири во рамките на голот (од страна на Малме).

Иако потценети беа „плаво-белите“ на овој меч, се покажаа во доста добро издание, напаѓаа константно и прашање беше кога ќе биде пробиен тврдиот дефанзивен блок. Тоа се случи во 45-та минута, а до крајот видовме доста дефанзивна игра на гостите, но и повраток на домаќините со неколку безуспешни шутови.

Малме е полн со самодоверба

После тој натпревар, Малме успеа да триумфира во домашниот шампионат против фантастичниот Норчепинг со купно 2:1, каде што сигурно беа подоминантни од противникот. На реваншот против Романците стигнуваат во фантастична форма бидејќи останаа непоразени на последните седум натпревари, односно тие остварија 6 победи и 1 реми.

Клуж има офанзивни проблеми

Тимот од Клуж изигра нерешено во првенството во Романија со еден од најлошите тимови на таа лига и тоа без погодок. Беа подобри ривали на цел натпревар, но релизацијата ги мачеше овој пат, одноно не успеаа да постигнат погодок. Всушнот тоа би можело да им претставува проблем и против Малме во реванш натпреварот.

Предлог типови:

Шведскиот гигант на овој меч стигнува во фантастична форма и со уште подобро расположение откако го победи еден од најјаките тимови во нивната земја. Екипата од Романија има проблеми со релизацијата и креативноста во нападот, па не гледаме како тие би можеле да слават на овој натпревар.  Ние одлучивме да типуваме победа за Малме, а обложувалницата на Coinbet24 нуди одличен коефициент во вредност од 1.98а за похрабрите играчи, предлагаме 1/1 со коефициент 3.30 во истата обложувалница.

Изиграј го овој натпревар во Coinbet24