Ливерпул планира две засилувања од Бундеслигата


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Ливерпул има на цел два засилувања од германската Бундеслига, но нивната можна реализација навестува два крупни заминувања од Енфилд.

Првата мета на спортскиот сектор на црвените е стоперот од Борусија Дортмунд Нико Шлотербек. Фантастичниот репрезентативец на Германија оваа сезона се етаблираше како еден од најдобрите дефанзивци на Европа, па лидерот на Премиер лигата во него гледа идеална замена за Вирџил ван Дајк.

Ливерпул е подготвен да плати 60 милиони евра за стоперот во касата на „милионерите“, кои во него гледаат лидер и сакаат да му понудат нов договор.

Исто така, се чини дека тимот под водство на Арне Слот во Германија пронајде и нов десен бек. Станува збор за менаџеровиот сонародник Жереми Фримпонг, со кого холандскиот стручен персонал е во постојана комуникација.