Љубовта кон топката е посилна од било што: Претстојната фудбалска ѕвезда го прекрши правилото за карантин


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На многу играчи од топ 5 лигите им е наредено да останат во изолација во наредниот период, но на некои не им е грижа.

Откако Калум Хадсон-Одои беше тестиран позитивно за коронавирус, на играчите на Челси им беше наредено да ги поминат наредните 14 дена во карантин, но Мејсон Маунт го игнорираше тоа.

Новата ѕвезда на Англија, а веројатно и светскиот фудбал, го прекрши правилото и играше фудбал на едно од многуте игралишта во Лондон.

Со оглед на тоа што тој делеше соблекувална со заразено лице, а можеби и носи коронавирус сам, играње на отворено и дружење со пријателите е секако неодговорно од овој 21-годишник.

Челси е крајно лут поради овој потег и се очекува Маунт да биде казнет наскоро. Иако е млад и здрав спортист, тој дефинитивно не требаше да го игнорира советот на лекар.