Лудило во Барселона: Недостасуваат уште 270 потписи за недоверба во управата, рок до 15 часот …


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Петицијата на членовите на Барселона за изгласување недоверба на актуелниот претседател на клубот, Жозеп Бартомеу, завршува денес.

Членовите на клубот имаа можност да го стават својот потпис на недоверба на претседателот и одборот на директори на клубот, а потпишувањето на петицијата трае до денес 15 часот.

Досега потпишале 16.250 членови на клубот. Потребни се уште 270 потписи до крајниот рок од 15:00 часот, со цел да се достигне бројката од 16.520 потребни за премин во следната фаза од гласањето за недоверба.

Во каталонскиот клуб сигурно ќе бидат луди часови, и ќе видиме дали „опозицијата“ ќе успее да го симне сегашниот претседател.

Имаат малку повеќе време за тоа.