Лудило во Барселона, во очекување на клучниот состанок!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од утрово во Барселона владее вистинско лудило.

Таткото на Лионел Меси, Хорхе, пристигна утрово од Росарио во Каталонија и се очекува денес да одржи состанок со претседателот на Барселона, Хозеп Марија Бартомеу.

Има само една тема – неговиот син и неговата желба да замине. Хорхе ќе се обиде на мирен начин да го договори заминувањето на Лео од клубот и не е ни чудо што од утрово владее вистинско лудило во Барселона.

Хорхе не сакаше да им каже ништо на новинарите по пристигнувањето и само рече:

“Не знам ништо момци.”

Средбата со Бартомеу е закажана за денес и конечно може да се знае судбината на еден од најдобрите фудбалери во светот.